Со резултат од околу 36.500 долари привлечени средства од големиот бизнис (по научник), Русија го зазеде 11-то место, надминувајќи ги САД со 25.800, Хонгконг – 20.000, Германија – 14.900 и Израел со 13.600 долари.
Водечките руски универзитети добиваат многу средства од бизнисот, иако општо земено, ситуацијата во Русија не е најдобра. Според експертите, Русија во рејтингот е премногу високо, особено ако се земе предвид дека методологијата на пресметување е според валутниот курс и паритетот на куповна моќ.
Според мислењето на аналитичарот на Инвесткафе, Тимур Нигматилин, местото на Русија во рејтингот е оправдано, посебно ако се земе предвид дека пресметките се правени според паритетот на куповна моќ.
Составувачите на рејтингот меѓу најуспешните изуми создадени во универзитетите и кои се користени од бизнисот го наведуваат месото создадено во универзитетот во Мастрихт. Првиот хамбургер создаден во лабораторија беше претставен во Лондон, а за неговото создавање се потрошени пет години и 400.000 долари. Други успешни универзитетски изуми се и плазма телевизорите создадени во Универзитетот во Илиноис, Интернет (Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес) и други.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче