Пилотите на руските и француските Воено-воздушни сили (ВВС) ќе одржат заеднички авиовежби во Нижегородската и Тверската област, пренесе во понеделникот Игор Климов, претставник на ВВС.
„Од 19 до 22 август на една од авиобазите на државниот Центар за подготовки на пилоти и воени испитувања ќе се одржат заеднички летно-тактички вежби на Воено-воздушните сили на Русија и Франција“, изјави Климов.
Климов забележа дека екипажите на мешаните групи со руски МиГ-29СМТ и француски Миражи Ф1 ќе извршат стрелање по земни цели.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче