Рогозин: ненавремената изградба на космодромот Восточни ќе се смета за саботажа

Каснењето на изградбата на космодромот Восточни во Амурската област во Русија ќе се смета за саботажа, изјави вице-премиерот на Русија, Дмитриј Рогозин.

Каснењето на изградбата на космодромот Восточни во Амурската област во Русија ќе се смета за саботажа, изјави вице-премиерот на Русија, Дмитриј Рогозин.

„Било кое каснење од планот ќе се смета за саботажа. Не планирам да застанам во редот на тие државни чиновници кои немо го гледаат и прифаќаат секое каснење. Сакам да ги слушнам причините поради кои ненавремено се извршуваат задачите“, забележа Рогозин.

Претходно Дмитриј Рогозин го критикуваше каснењето во извршувањето на наредбите на владата на Руската Федерација за изградба на космодромот Восточни и побара навремено завршување на изградбата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.