Путин нема да присуствува на авиосалонот МАКС-2013

Претседателот на Русија, Владимир Путин нема да го посети авиосалонот Макс-2013, кој на 27 август ќе биде отворен во Жуковски. Ова за „Ведомости“ го изјавија двајцата раководители на компании кои влегуваат во составот на Обединетата авиоиндустриска корпорација (ОАК).

Првиот авиосалон МАКС е одржан во 1993 година, и од тогаш се одржува секоја втора година. Путин во 1999 година дојде на чело на владата, па од тогаш секогаш го отворал МАКС, без разлика на функцијата која ја вршел. Претседателот на владата, Дмитриј Медведев ќе ја посети изложбата, изјави неговата претставничка Наталија Тимакова. Медведев воедно ќе го отвори овој авиосалон.

Одбивањето на првиот човек на земјата да го посети авиосалонот може да се смета за демонстрација на реалните приоритети на раководството на земјата, меѓу кои, очигледно развојот на авијацијата повеќе не се наоѓа, стравува експертот од Центарот за анализа, стратегии и технологии, Константин Макиенко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња