Јапонија и Русија ќе ја забрзаат реализацијата на проектот за создавање на Меѓународен термонуклеарен експериментален реактор

Јапонија и Русија се согласија да ја забрзаат реализацијата на проектот за создавање на Меѓународен термонуклеарен експериментален реактор (МТЕР). Ова во интервју за ИТАР-ТАСС го соопшти јапонскиот министер за образование, култура, спорт, наука и технологии – Хакубун Симомура.

Јапонија и Русија се согласија да ја забрзаат реализацијата на проектот за создавање на Меѓународен термонуклеарен експериментален реактор (МТЕР). Ова во интервју за ИТАР-ТАСС го соопшти јапонскиот министер за образование, култура, спорт, наука и технологии – Хакубун Симомура.

„Ние зборувавме за проектот на средбата со претседателот на Руската академија на науки, Владимир Фортов. На 6 септември во Франција ќе се одржи заседание на Советот на МТЕР. За жал, јас на него нема да можам да присуствувам, бидејќи тогаш ќе учествувам на состанок на Меѓународниот олимписки комитет во Буенос Аирес, но јас ќе го ополномоштам мојот заменик и тој ќе преговара од мое име. Ова прашање веќе го разгледавме за време на телефонскиот разговор со директорот на меѓународниот проект“.

„Во тој разговор јас зборував и за забрзувањето на рокот за реализација на проектот, изразувајќи мислење дека треба да се активираат сите можни сили за да се намалат роковите за реализација на проектот“, подвлече Хакубун Симомура.

Меѓународниот термонуклеарен експериментален реактор е најголемиот проект во светот за термонуклеарна синтеза. Овој реактор се создава во Франција со силите на Русија, ЕУ, САД, Јапонија, Кина, Јужна Кореја и Индија. Во основата на проектот лежи системот „Токамак“, создаден во СССР.

Првоначално било планирано реакторот да се изгради до 2019 година. Сега се зборува дека тој ќе биде готов во 2020 година, а почетокот на постојаната работа со плазма е планирана за 2027 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња