Индиска компанија ќе произведува муниција за тенкот Т-90 по руска лиценца

Министерството за одбрана на Индија потпиша договор со индиската компанија Bharat Dynamics Ltd (BDL) за испорака ан муниција произведена по руска лиценца за тенковите Т-90, пренесе во вторникот весникот Hindu.

Вредноста на зделката се проценува на 470 милиони долари. Се очекува испораката на муницијата за армијата да заврши во следниве пет години.

Кон крајот на минатата година Индија и Русија потпишаа два договора за испорака на индиската армија на руска управувана муниција „Инвар“ и противтенковски ракети „Конкурс“.

Медиумите пренесоа дека армијата на Индија сака да купи 25.000 парчиња муниција „Инвар“ за тенковите Т-90. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.