Хабаровск се подготвува за евакуација

Властите на Хабаровск се подготвуваат за евакуација на населението во случај нивото на водата во Амур да продолжи да расте, изјави градоначалникот на овој град, Александар Соколов.

Властите на Хабаровск се подготвуваат за евакуација на населението во случај нивото на водата во Амур да продолжи да расте, изјави градоначалникот на овој град, Александар Соколов.

Градоначалникот истакна дека сега најважно е да се задржи растот на нивото на водата до барем уште 1 метар, бидејќи објектите од животна важност во пониските делови на градот можат да бидат поплавени. „Денес се бориме за секој објект, па и за најмалиот“, нагласи Соколов.

До 21 август во Хабаровск се поплавени 297 станбени објекти. Во градот се подигнати заштитни насипип со вкупна должина од околу 10 километри. Според последните податоци, во зоните на поплави се наоѓаат околу 40.000 луѓе. Привремениот вршител на должноста губернатор на регионот, Вјачеслав Шпорт, ја процени штетата од поплавите во Хабаровск на околу 3 милијарди денари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.