Според резултатите од анкетата спроведена меѓу европските туристи, Русите заедно со Германците и Британците се именувани како најнепожелни соседи за време на летните одмори.
Истражувањето го спроведе британската интернет-страница Zoover, при што биле анкетирани 12.000 туристи од 20 европски држави. Од анкетираните, 42% сметаат дека Русите се најнепожелни соседи за време на одморите. Повеќето испитаници ги сметаат Русите за гласни, груби и агресивни. Непочитувањето на редот во рестораните исто така не допринесува за позитивната слика за руските граѓани, пренесува Prian.ru.
Освен Русите, Европејците не ги сакаат и Германците (17%) и Британците (13%). Повеќето негативни коментари за овие три земји доаѓаат од жители на Шпанија и Турција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче