Руските туристи најдоа замена - Тунис и Турција наместо Египет

Повеќето руски туристи кои купиле аранжмани во Египет и се откажале од нив, веќе резервираат други дестинации - меѓу приоритетите се безвизните држави како Турција и Тунис, соопштено е на интернет-страницата на Асоцијацијата на туристички агенции на Русија (АТОР).

„Барани се и државите со олеснет визен режим како ОАЕ, Кипар, Шпанија“, забележуваат во АТОР.

Ростуризам минатата недела на руските туристи им предложи да ја запрат продажбата на аранжмани во Египет, како и да ги вратат парите за време продадените аранжмани. Министерството за надворешни работи на Русија се приклучи и ги повика Русите да се откажат од патувања во таа земја. Според последните податоци, во Египет има 900 жртви поради судирите меѓу приврзаниците на отстранетиот претседател Мухамед Мурси со полициските сили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња