Компанијата „Русал“ планира да затвори четири нерентабилни претпријатија за производство на алуминиум во европскиот дел на Русија. Станува збор за Волгоградската, Богословската, Уралската и Надвоицката фабрика, кои заедно произведуваат 371.700 тони алуминиум годишно и каде работат 7,5 илјади вработени.
Како што пишува „Ведомости“, виновник за оваа ситуација и решение е високата цена за производство поради скапата електрична енергија и застарените технологии.
Претходно Олег Дерипаска изјави дека цената на алуминиумот нема да порасне до крајот на годината, иако индустријата поминува низ период на долга криза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче