Повеќето Руси не ги интересира политиката

Половина од граѓаните во Русија не ги разбираат политичките процеси.

Русите малку се интересираат со политика, - вакви се податоците од анкетите. Повеќе од 65% од анкетираните се уверени дека партиите само ги следат своите интереси и не работат во полза на народот. Специјалистите ова го објаснуваат со тоа што постарото поколение кое го преживеа системот на политички раст во 90-те години, ја отстапува општествената арена на младите, а младите денес сметаат дека од политиката ништо не зависи.

Само четвртина од анкетираните (26%) сметаат дека партиската конкуренција дозволува да се „земат предвид интересите на мнозинството, со што се доаѓа до решенија кои ја рефлектираат волјата на народот“. Скептички се однесуваат дури 80% од граѓаните кон самите политичари. Според нив, политичарите „се заинтересирани само за да ја зграпчат и задржат власта“. Само 13% од анкетираните сметаат дека политичарите „се грижат за избирачите“.

Луѓето сѐ повеќе се разочаруваат не само од партиите и политичарите, но и од изборите, забележа заменикот-директор на „Левада-центар“, Алексеј Гражданкин. Според неговите зборови, односот кон партиите се создава во зависност од тоа каква улога тие играат во животот на државата, а „државата има претседателски строј и улогата на парламентот во неа е мала“. „Луѓето се запрашуваат - ’зошто да се занимавам со партиска дејност и борба, кога тоа не носи никакви реални последици’“, појасни Гражданкин. Соодветно, се засилува верувањето во тоа дека партијците само ги задоволуваат личните амбиции и интереси.

Дури половина од граѓаните (51%) признаваат дека не се разбираат од политиката. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.