Известија: московските библиотеки ќе имаат унифициран ентериер

Московските библиотеки ќе имаат унифициран визуелен стил, пишува Известија, повикувајќи се на изјава на началникот на управата за работи со библиотеки при градот Москва, Оксана Стрешнева.

Московските библиотеки ќе имаат унифициран визуелен стил, пишува Известија, повикувајќи се на изјава на началникот на управата за работи со библиотеки при градот Москва, Оксана Стрешнева.

Одделот планира да разработи повеќе од 440 видови логотип, надворешни обележја, основни симболи и таблички со информации кои се планира да бидат поставени недалеку од излезите на метрото и другите станици на кои запира јавниот транспорт. Освен тоа, московските библиотекари ќе носат унифицирана облека со иста боја.

Во Одделот за библиотеки сметаат дека ова ќе дозволи граѓаните да ги разликуваат државните од приватните библиотеки, кои исто така често се среќаваат во Москва.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња