Египет ја моли Русија да ја укине препораката туристите да не патуваат во оваа земја

Министерот за туризам на Египет, Хишам Зазу го повика руското министерство за надворешни работи да ја укине препораката туристите од Русија да не патуваат во оваа земја, вклучувајќи ги и летувалиштата во Црвеното море.

„Јас ја разбирам загриженоста на руските пријатели, но истовремено не можам да се согласам со нив. На пример, ситуацијата во летувалиштата на Црвеното море е стабилна и безбедна, и затоа ја повикувам Русија барем делумно да ја укине препораката да не се патува“, изјави министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња