Ведомости: Русија ќе му продаде на Судан хеликоптери за 200 милиони долари

Русија ќе испорача на Судан голема партија воени хеликоптери за 150-200 милиони долари, пишува „Ведомости“.

Русија ќе испорача на Судан голема партија воени хеликоптери за 150-200 милиони долари, пишува „Ведомости“.

Во 2011 година со „Рособоронекпорт“ оваа африканска држава склучи договор за 12 ударни хеликоптери Ми-24 и шест транспортни хеликоптери Ми-8.

Во 2013 година беше склучен договор за испорака на уште 12 хеликоптери Ми-24 и 12 хеликоптери Ми-8.

Сите овие испораки се надгледуваат од ООН со цел да не се искористат во провинцијата Дарфур, каде армијата на државата веќе неколку години војува со бунтовниците. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.