Украiнська правда: Руската трговска војна против Украина

Воведувајќи фактичка забрана за увоз на украински стоки, Русија ѝ објави на Украина трговска војна. Оваа случка го потврдува банкротството на политиката на режимот на Јанукович и предложениот формат за соработка со Царинската унија – „3+1“. Надежите на Јанукович да седи на два стола, балансирајќи меѓу Русија и ЕУ не се оправдаа.

Од друга страна, украинската „Слобода“ истапува против било каква интеграција во наддржавни сојузи кои се мотивирани од Кремљ. „Слобода“ повеќе пати укажува на тоа дека Кремљ нема да се задоволи само со економска соработка. Имено затоа Русија никогаш не ги исполнувала и нема да ги исполнува договорите со Украина за слободна трговија. Секогаш ќе се најде некој измислен повод или „правило на Царинската унија“.

Царинската унија претставува опасност за целосно потчинување на Украина под шепите на Русија, вклучувајќи ја во руската геополитичка орбита, а со тоа Украина е во опасност да ја загуби независноста и да се претвори во руска колонија. Царинската унија, како и сите останати проекти на Кремљ, имаат цел за политички притисок од страна на руските власти преку повторно создавање на Руската империја. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.