Сторчак: во Русија нема опасност од дефолт

Заменик-министерот за финансии на Русија, Сергеј Сторчак, изјави дека дефолт во државата нема да има.

Заменик-министерот за финансии на Русија, Сергеј Сторчак, изјави дека дефолт во државата нема да има.

„Пред сè, треба да разјасниме – што е тоа дефолт? Тоа е неисполнување на обврските на државата пред странските кредитори. А сè останато, вклучувајќи и намалувањето на курсот на рубљата – е последица на тоа. Еве, барем за следните 10 години со сигурност можеме да кажеме дека дефолт во Русија нема да има“, изјави чиновникот за „Росијскаја газета“.

„Ние регуларно ги пресметуваме ризиците и динамиката на зголемување на државниот долг. Сега тие показатели се на безбедно ниво“, подвлече Сторчак. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња