Припадници од Министерството за вонредни состојби (МЧС) во понеделникот со хеликоптер евакуираа мечки од поплавените туристички бази во предградието на Благовешченск, изјави претставник од регионалната управа на МЧС за РИА Новости.
Две возрасни мечки претходно биле префрлени во туристичката база „Зелена“ откако зоолошката градина објавила дека нема средства за нив. Белогорје, покрај кој се наоѓа туристичка база, се најде во зоната на поплави каде нивото на водата веќе достигна 1,5 метри. Водата навлезе во кафезите со мечките, па животните мораат да спијат на крововите на куќичките или кафезите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче