Играчите во Русија забраниле компјутерска игра поради невистинито претставување на СССР во Втората светска војна

Руските играчи успеаја да ја забранат продажбата на канадската игра-стратегија Company of Heroes 2, во која Источниот фронт е прикажан неправилно. Преку играта јасно се гледа дека Западот е далеку од бришење на стереотипите за Русите.

Првата серија од играта Company of Heroes бил обичен компјутерски епос за Втората светска војна со злите (фашистите) и добрите (сојузниците). Во Company of Heroes 2 се појавува малку поинакво сиже, а имено – советските војници при повлекување од селата ги палат селата заедно со заклучените жители во куќите. На друго ниво, поточно за време на Сталинградската битка – советските војници се праќани без никакво оружје кај непријателот. Во трето – ги поливаат полињата со бензин па ги палат заедно со нив, односно советските војници палат советски војници.

Петицијата за забрана на продажбата на оваа игра е испратена во Државната Дума и во Обвинителството. Учесниците на протестот против оваа игра не бараат државна цензура, ами само одговорност од создавачите на играта. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња