Forbes: Дали беше во право Русија за Арапската пролет?

Египет повторно е во хаос. Силите за безбедност убија стотици граѓани, со што изгледа дека државата се тркала директно кон граѓанска војна. Поради тоа сега дојде време да се преосмисли суштината на Арапската пролет.

Египет повторно е во хаос. Силите за безбедност убија стотици граѓани, со што изгледа дека државата се тркала директно кон граѓанска војна. Поради тоа сега дојде време да се преосмисли суштината на Арапската пролет. И после две и пол години после првичните промени, на улиците војската уште убива цивили. Со самото тоа треба да се земе предвид дека песимистите, сепак, беа во право.

Ставот и мислењето на Русија и Русите за Арапската пролет кардинално се разликуваа од оние на западните земји. Сите во Русија уште од самиот почеток покажуваа голема скепса околу промените кои започнаа во Африка. Додека сите на Западот се фокусираа на изборите кои требаше да ги спасат овие земји од гнетот на диктаторите, во Русија зборуваа дека Арапската пролет може да доведе до економски колапс, меѓурелигиозни конфликти и политички хаос.

Ако Кремљ се занимаваше со дипломатски маневри, умешно менувајќи ја својата позиција во зависност од спецификата на секоја конкретна држава – руското општество никогаш не пројавувал голем ентузијазам кон Арапската пролет. Русите не се глупаци и прекрасно сфаќаат дека не се способни да влијаат на она што се случува на Блискиот Исток. Едноставно тие имаа заедничко, колективно чувство дека сето тоа ќе се заврши со катастрофа која ќе ги наруши претставите на Западот за „континуираниот прогрес“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња