Руското воено воздухопловство ќе се откаже од огромните воздухопловни бази

Раководството на Руското воено воздухопловство одлучи за постепено преминување од огромни воздухопловни бази на принципот „еден аеродром - еден воздушен полк“, соопшти началникот на РРВ, генерал-потполковник Виктор Бондарев.

„Мрежата аеродроми треба да се развива. Државното раководство веќе донесе одлука на еден аеродром да биде распореден само еден воздухопловен полк со максимален број авиони кои ќе припаѓаат само на тој полк. Огромни бази со преку 100 авиони повеќе нема да има“, истакна Бондарев а пренесува РИА Новости.

Бондарев наведе дека е предвидена модернизација на 10-11 аеродроми годишно за да се доведе аеродромската мрежа до ниво кое ќе ги задоволува потребите на најновите летала. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.