Русија: спортски авион падна врз гледачи за време на аеромитинг

Пилотот загина, а двајца се ранети после падот на лесен авион Јак-52 во републиката Јакутија, изјави руското Министерство за вонредни состојби.

Пилотот загина, а двајца се ранети после падот на лесен авион Јак-52 во републиката Јакутија, изјави руското Министерство за вонредни состојби.

Спортскиот авион за обука на пилоти Јак-52 неуспешно изврши акробација за време на аеромитингот кај градот Томот. Според соопштението, авионот удрил на површината на реката Томот и излетал на брегот.

Повредени се двајца, девојка родена во 1995 и маж роден во 1959. Повредените се хоспитализирани. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња