Поплави во Русија: Нивото на Амур во последниве 24 часа порасна за 17 сантиметри

Нивото на водата во Амур во регионот околу рускиот град Хабаровск во понеделникот наутро изнесуваше 6,57 метри, што е над историскиот максимум за 15 сантиметри. Во последниве 24 часа нивото на реката е подигнато за 17 сантиметри.

Максималниот прилив на вода во Хабаровск се очекува меѓу 20 и 25 август, кога нивото на Амур може да достигне 7 метри.

Во градот се подигнуваат заштитни брани, но дел од Хабаровск уште се наоѓа во зона на поплави поради брзиот раст на нивото на водата во реката.

Во наредните денови во овој регион се очекуваат обилни дождови, со што нивото на водата на реката ќе продолжи да расте. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.