Елена Исинбаева ги критикуваше спортистките кои излегоа на стадионот „Лужники“ со нокти обоени во боите на виножитото како знак на поддршка за хомосексуалците. Исинбаева изјави дека го поддржува законот против пропагандата на хомосексуализмот меѓу малолетниците и се противи на бојкотот на Олимпијадата во Сочи поради тој закон.
„Ние сме Руси. Можеби и се разликуваме од Европејците, од луѓето од другите земји. Ние имаме закон кој сите мора да го почитуваат. Тоа е мое мислење“, изјави Исинбаева.
После оваа изјава на Исинбаева, таа доби огромен број критики од страна на западните медиуми. Дури се појави предлог да ѝ се одземе статусот амбасадор на Олимписките игри при Меѓународниот олимписки комитет.
„Сакав само да кажам дека луѓето мора да ги почитуваат законите на другите земји, а посебно кога се нивни гости“, изјави познатата спортистка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче