Ситуацијата со поплавите на Далечниот Исток се влошува

Ситуацијата со поплавите на Далечниот Исток рапидно се влошува. Поради големите врнежи кои не прекинуваат од крајот на јули, нивото на реките достигна критична висина и продолжува да расте.

Ситуацијата со поплавите на Далечниот Исток рапидно се влошува. Поради големите врнежи кои не прекинуваат од крајот на јули, нивото на реките достигна критична висина и продолжува да расте.

Двете најголеми хидроелектрични централи во регионот - Бурејската и Зејската - веќе исфрлаат повеќе вода. Вонредна состојба е прогласена во Јакутија, Амурската област, Приморјето и Еврејската автономна област во Хабаровскиот крај. Министерството за одбрана на Далечниот Исток упати одреди воени лекари, а Министерството за вонредни ситуации испрати додатни спасувачки одреди во погодените региони.

Според прогнозите на експертите, нивото на водата во Амур ќе порасне уште за еден метар. Под вода можат да се најдат и големи градови како Хабаровск и Комсомолск. Локалното население се подготвува за масовна евакуација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња