Руските туристички агенции ги прекинаа продажбите на туристички аранжман за Египет, согласно препораките на Федералната агенција за туризам.
Според новите правило, доколку аранжманот е резервиран, но не е платен, патувањето во Египет се откажува со можност да се одбере некоја друга дестинација. „Туристичките агенции се решени во целост и без одлагање да ги следат препораките на „Ростуризам“, истакна Маја Ломидзе, извршен директор на Асоцијацијата на туристички агенции на Русија.
Во случај на откажување на аранжманот пред патувањето, на туристите ќе им се врати целосниот износ, а доколку некој посака да го прекине својот престој во Египет, ќе му бидат вратени средствата соодветно вредноста на услугите кои туристот не ги искористил. Агенцијата на туристички агенции на Русија планира да упати барања до Министерството за сообраќај на Русија и Федералната агенција за воздушен сообраќај да се ограничат летовите во Египет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче