Потпишувањето на договорот за испорака на МиГ-35 е одложено за 2016 година

Министерството за одбрана на Руската Федерација го одложи до 2016 година потпишувањето на договорот со руската корпорација „МиГ“ за испорака на 37 авиони МиГ-35 за руските Воено-воздушни сили, пишува во саботата весникот „Комерсант“.

Вкупната сума на овој договор треба да изнесува околу 1 милијарда евра, пишува весникот. За овие средства треба да се набават вкупно 37 единици од овој авион.

МиГ-35 е мултифунционален руски ловец од генерацијата „4++“, создаден врз основа на МиГ-29М. Тој има систем кој му дозволува истовремено да напаѓа неколку цели, како и радио-електронска заштита. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња