100.000 луѓе ќе се евакуираат поради поплавите на Далечниот Исток во Русија

При најлошото сценарио на Далечниот Исток ќе се евакуираат 100.000 луѓе, изјави министерот за развој на Далечниот Исток, Виктор Ишаев.

При најлошото сценарио на Далечниот Исток ќе се евакуираат 100.000 луѓе, изјави министерот за развој на Далечниот Исток, Виктор Ишаев.

„Само во Амурската област има околу 45.000 - 46.000 луѓе, во Хабаровскиот - 39.000, плус Еврејската автономна област“, изјави Ишаев.

Ишаев изјави дека развојот на настаните не оди според најлошите прогнози. Бурејската хидроелектрична централа работи нормално, исфрла околу 3.000 кубни метри вода во секунда, што не е критично за населените места под браната.

Според саботните податоци, во три региони на Далечниот Исток поплавени се 121 населено место. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.