Украина може да изгуби и до 30 милиони долари поради прекинот на извозот на зеленчук и овошје во Русија

Украина извезува 80% од своите земјоделски производи во Русија.

Според пресметките на новинарите, поради проблемите на границата со Русија, Украина може да изгуби значаен дел од профитот од извозот на свежи овошја и зеленчуци, кој изнесува околу 30 милиони долари годишно. Ова го пренесува порталот „АПК-информ“. Според порталот, ситуацијата е најопасна за земјоделието во Украина кое се занимава со одгледување на производи во оранжерии. Долгата блокада на извозот може да доведе до банкротирање на локалните комбинати.

Украина извезува 80% од своите земјоделски производи во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња