Откажувањето на аранжманите во Египет може да им нанесе губитоци на туристичките агенции во Русија. Маја Ломидзе на прес-конференцијата на Асоцијацијата на туристичките оператори на Русија изјави дека продадени се околу 50.000 аранжмани кои најверојатно ќе бидат откажани. Просечната вредност на секој аранжман изнесува од 600 до 700 долари.
Во моментов во Египет се наоѓаат од 53.000 до 55.000 туристи од Русија.
Во случај да се откажат сите аранжмани, постои опасност од банкрот на малите и средните туристички фирми кои работат со Египет.
МНР на Русија им препорача на своите граѓани да се откажат од патувања во Египет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче