Русија се премисли околу возродувањето на СССР

Москва води сѐ попрагматична политика во односите со соседите.

Демонстративните трговски мерки на Москва против Украина и необично добрата средба на претседателите на Русија и на Азербејџан во Баку покажува дека на постсоветското пространство Кремљ ќе продолжи да игра цврсто. Што повеќе наближува самитот во Вилнус, на кој Киев и Ереван ќе потпишат договори за поблиски институционални врски со ЕУ, толку појасно Русија дава до знаење дека тој чекор ќе ги измени односите на Москва кон соодветните држави (Украина и Ерменија).

Иако Русија, за разлика од ЕУ, никогаш официјално не поставувала услов „или-или“ (Европејците тоа постојано го прават, барајќи да се избира или интеграција со нив, или со Русија), и дури напротив, постојано зборува за заемната корист од заедничките проекти. Москва паметно го користи моментот да си ги „покаже мускулите“. Како никогаш порано интересот на големите сили не бил помал за постсоветскиот регион. Најголемиот интерес за овој регион големите сили го покажуваа во почетокот на 2000-те. Сега ситуацијата е изменета.

САД сѐ уште си ги присобираат силите. Тие се малку заматени од хаотичниот развој на настаните во светот. Стремежот за универзално лидерство и присуство насекаде во светот - се идеи кои веќе се закопани во минатото. Приоритетите допрва ќе се определуваат повторно, а тешко е да се верува дека Украина или Грузија ќе си го вратат значењето во очите на Вашингтон кое го имаа пред 5 до 7 години.

Европската унија, од друга страна, не планира ни проширување, ниту трошење на сериозни ресурси за привлекување кон себе на државите кои се наоѓаат источно од нејзините граници.

Русија најверојатно е најинтересниот случај. Официјалниот приоритет на оваа држава е зацврстувањето на Царинската унија, како и создавање на основа на оваа унија на една нова, Евроазиска економска унија. Целата политика на државата е насочена кон привлекување на потенцијални кандидати за членување во ЦУ и ЕЕУ. Украина срамежливо дава поглед кон Исток, но и уште помалку се зборува во земјата колку многу ќе изгуби, доколку потпише договор за слободна трговија со Европската унија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.