Русија ќе продолжи да ги модернизира своите стратешки сили

Русија ќе продолжи да ги модернизира своите стратешки сили, посветувајќи поголемо внимание на усовршувањето на бомбардерите за далечни мисии.

Русија ќе продолжи да ги модернизира своите стратешки сили, посветувајќи поголемо внимание на усовршувањето на бомбардерите за далечни мисии.

Според состојбата во 2012 година, во ескадрилата на стратешката авијација на Русија има 32 бомбардери Ту-95МС (уште 60 се конзервирани), 150 бомбардери Ту-22М2 и 16 бомбардери Ту-160. Во 2013 година започна модернизирањето на Ту-95МС, на кои се предвидува инсталирање на нова радио-електронска опрема, како и нов навигациски комплекс кој ќе биде компатибилен со ГЛОНАСС.

Со оваа модернизација ќе се зголеми животниот век на повеќето бомбардери до 2025 година. Останатите кои нема да бидат модернизирани - ќе бидат утилизирани.

На замена на оние бомбардери кои ќе бидат утилизирани ќе дојде новосоздаваниот перспективен руски авијациски комплекс - ПАК ДА, кој може да носи повеќе оружје дури и од стратешкиот бомбардер Ту-160, но за разлика од него, ќе биде побавен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња