Русите засега не се подготвени за воведување на систем за плаќање на трудот по часови, изјави за „Комсомолска правда“ министерот за труд и социјална заштита на Русија, Максим Топилин. Така тој го коментираше внесувањето на предлог-законот во Думата за воведување на минимална плата од 150 денари на час од 1 јануари 2014 година. Во овој случај, стандардната минимална плата во Русија би требало да изнесува околу 24.000 денари.
Според зборовите на Топилин, плаќањето по час е подобра од гледна точка на флексибилноста. „Но искуството покажа дека во државите каде работи таквиот систем луѓето најмногу настрадаа од кризата и од невработеноста. Затоа ние засега не сме подготвени за тоа - тоа е мое мислење“, изјави министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче