Пратеникот Евгениј Миронов и пратеници од групата „Руски суверенитет“ предложива да се воведе во законодавството поимот „семејна сопственост“, која не може да биде отуѓена од сопствениците при никакви околности. Ова го пренесува „Известија“. На тој начин ќе бидат загарантирани правата на роднините, пред сѐ на децата. Се очекува проект-законот да биде внесен на разгледување во долниот дом на Парламентот во текот на есента.
Семејната сопственост нема да може да се конфискува дури во случај на банкрот, да се продава, да се менува, подарува или да се користи како залог. Секој граѓанин може да даде таков статус не само на недвижнината, туку и на драгоценостите, автомобилите или интелектуалната сопственост.
Една од целите на парламентарците, според нив, е подобро да се заштити имотот на Русите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче