Во Москва ослободени се стотици робови

Проверките за нелегални емигранти со неочекувани резултати.

За време на проверките во истокот на Москва, во населбата Гољаново била најдена фабрика каде работеле стотици нелегални емигранти, најчесто од Виетнам. Сите задржани не ги собира во привремениот камп каде се пренесуваат пред депортацијата. Затоа властите во Русија биле приморани да создадат нов камп за 900 луѓе.

Повеќето Виетнамци не се само нарушувачи на миграциското законодавство, туку се и жртви на нелегална експлоатација, т.е. со друго зборови - робови.

Според информации од медиумите, во руската економија работат повеќе од еден милион вистински робови. Притоа, оваа информација е стара 13 години, што ги тера властите во Русија да претпостават дека оваа бројка сега е многу поголема. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.