Шефот на парламентарната опозициска фракција „Родина“, Арсениј Јаценјук изјави дека Русија го нарушува договорот за слободна трговија во рамките на ЗНД и основните принципи на СТО преку блокирањето на увозот на украински производи.
Според зборовите на Јаценјук, таквите дејства се само уште еден вид притисок врз Украина за да „се принуди земјата да пристапи во Царинската унија“.
„Сепак, таков избор Украина не направи. Курсот кон евроинтеграциите е фиксиран во законодавството на Украина, и на самитот во Вилнус треба да биде потпишан договор за асоцијација на Украина и ЕУ“, изјави политичарот.
Јаценјук ја нарече оваа ситуација „трговска војна“ која добила „загрижувачки размери“.
Украина и Европската унија во ноември планираат да потпишат договор за асоцијација, но за тоа Киев ќе треба да исполни неколку барања од ЕУ. Русија ја повикува Украина во Царинската унија и во новосоздаваната Евроазиска економска унија, но Киев засега не е подготвен да стапи во тие структури.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче