Московскиот државен универзитет го зазеде 79-то место во Академскиот рејтинг од 500 универзитети во светот кој го составува Шангајскиот универзитет, пренесува за РИА Новости шефот на прес-службата на МДУ, Татјана Вишневскаја.
„На петнаесетти август беше објавен академскиот рејтинг за 500-те најдобри универзитети во светот за 2013 година. Најдобар универзитет во Русија е, како и порано, МДУ „Ломоносов“, кој се најде на 79-то место во рејтингот“, изјави Вишневскаја.
Минатата година МДУ беше на 80-то место. Државниот универзитет во Санкт Петербург се најде во третата стотка најдобри универзитети во светот.
На првото место се најде Харвардскиот универзитет, а после него следуваат Стенфордскиот, Калифорнискиот и МИТ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче