Министерството за образование на Русија ќе ги рекламира руските универзитети во странство

Кампањата со околу 40 милиони денари буџет ќе биде спроведена на англиски, француски, германски и кинески јазик.

Министерството за образование и наука на Русија реши да организира рекламна кампања за водечките руски универзитети во странство. Како што пренесе за „Известија“ извор во министерството, рекламната кампања треба да се одржи кон крајот на 2013 и почетокот на 2014 година. Целната група се државите каде се зборува на англиски, француски, германски и кинески. Главна задача на оваа кампања е да се подобрат позициите на руските универзитети во меѓународните рејтинзи.

Освен рекламните банери и статии, ќе бидат организирани и новинарски тури за странските новинари низ најдобрите руски универзитети. Исто така ќе биде создадена интернет-страница со програмите кои ги нудат универзитетите. Според плановите на министерството, до 2020 година 5 руски универзитети треба да се најдат во топ-100 листата на најдобри универзитети во светот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.