Руските тајни служби не го испрашувале Едвард Сноуден додека тој се наоѓа во аеродромот Шерметјево, изјави Џулијан Асанж. Според неговите зборови, во текот на 54-те дена неизвесност на Сноуден постојано му помагале претставниците на WikiLeaks. Тие му предложиле на поранешниот агент на ЦИА да замине од Хонгконг накај Москва, сметајќи дека шансите за екстрадирање таму се минимални,
Одговарајќи на прашањето дали Сноуден бил испрашуван од страна на претставниците на ФСБ или од некоја друга руска служба, Асанж одговори: „Не, не беше“. „Од моментот на неговото заминување од Хонгконг, во секој ми имаше некој до него“, изјави Асанж, додавајќи дека „руските власти се однесувале добро“.
Сноуден помина во московскиот аеродром Шереметјево 40 дена. Во Шереметјево тој дојде од Хонгконг, надевајќи се да го промени авионот и да замине во Куба. Сепак, за време на летот неговиот пасош беше анулиран од страна на САД. Поради тоа то не можеше да го искористи авионскиот билет до Хавана и остана во транзитната зона на аеродромот, давајќи документи со кои бара привремен престој и азил во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче