После преговорите со претседателот на Азербејџан, претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да понуди помош околу решавањето на спорот меѓу Ерменија и Азербејџан за територијата Нагорно-Карабах.
„Русија активно го поддржува брзото решавање на конфликтот, што е можно да се постигне само со политички средства“, истакна Путин.
„Во интерес на сите земји во регионот е овој конфликт да биде што побрзо решен. Решавањето мора да биде основано на историската справедливост, на меѓународната правда и на одлуките и резолуциите на меѓународните организации. Русија како една од претседавачите на Минската група во Организацијата за европска безбедност и соработка има значајна улога во решавањето на овој конфликт“, изјави претседателот на Азербејџан после преговорите.
Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан поради Нагорно-Карабах започна во февруари 1988 година, кога Нагорно-Карабах изјави дека излегува од составот на Азербејџанската Советска Социјалистичка Република. Во септември 1991 година е создадена Нагорно-Карабашката Република (НКР), а официјален Баку изјави дека тоа е противзаконски чин. Вооружениот конфликт започна тогаш и траеше до мај 1994 година. После напорите во преговарачкиот процес кои ги вложи Русија во овој регион, од тогаш е воспоставено стабилно примирје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче