Приходите кои Русија ги остварува во областа на вселенската индустрија можат да се споредат со приходите од извозот на руското вооружување, изјави заменикот претседател на Комитетот на Државната Дума за индустрија, Владимир Гутењов.
„Светскиот пазар за вселенска опрема за пет години порасна од 170 на 250 милијарди долари. Рускиот удел изнесува некаде од 10 до 12 милијарди долари. Од една страна не е многу, но од друга - може да се спореди со приходите од извозот на руско оружје“, истакна Гутењов а пренесува ИТАР-ТАСС.
Според неговите зборови, главната конкурентска предност на Русија е пониската цена на превозот на корисен товар на ниски и геостационарни орбити.
„Затоа Русија и понатаму го држи првото место според бројот на извршени лансирања - 24 од вкупно 78 во претходната година. Зад Русија е Кина со 19 лансирата. На третото место се САД со 13 лансирања“, додаде Гутењов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче