Медиуми: Централната банка на Русија го закопа економскиот раст

Александар Морозов, главен економист во HSBC, прогнозира раст на БДП од 2 до 2,5% во следните неколку години.

Александар Морозов, главен економист во HSBC, прогнозира раст на БДП од 2 до 2,5% во следните неколку години.

Според резултатите од 2013 година, руската економија ќе порасне за околу 2%, а во 2014 година се очекува постепено зголемување на растот, но суштинско забрзување нема да има. Вака Централната банка на Русија ги оценува перспективите за развој на економската ситуацијата во Русија.

Пролетва Министерството за економски развој прогнозираше раст на БДП на Русија меѓу 3,6% и 2,4%, а за 2014 и 2014 - до 3,7% односно 4,2%. Сепак, податоците од Росстат сосема ги ставаат под знак прашалник прогнозите дури за 2013 година.

Централната банка е прва која официјално призна дека е преувеличен оптимизмот на Министерството за економски развој. Во второто полугодие Министерството за економски развој очекува забрзување на растот поради зголемувањето на инвестициите, државните расходи и намалувањето на инфлацијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња