Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Русија е разочарана од темпото со кое напредуваат преговорите со државите на Европската унија за укинување на визите за краткорочни патувања, пренесува РИА Новости.
„Ние сме разочарани од темпото со кое се одвиваат преговорите за укинување на визите за краткорочни патувања на граѓаните на Русија и ЕУ. Визниот режим одамна стана анахронизам во нашите односи. Технички и Русија, и државите на ЕУ одамна се подготвени за заемно укинување на визите“, напиша Лавров во статијата објавена во британскиот Journal of Common Market Studies Annual Review.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче