Компанијата En+ Group на Олег Дерипаска по судски пат ќе бара исплата на сума во висина од милијарда евра од владата на Црна Гора поради фалсификување на финансискиот извештај на „Комбинатот за алуминим Подгорица“ (КАП) за време на приватизацијата во 2005.
„Најмивме неколку адвокатски канцеларии и ќе ја тужиме владата на Црна Гора во арбитражниот суд во Франкфурт поради фалсификување на извештајот за време на приватизацијата на КАП во 2005, но и поради неисполнување на обврските во околу субвенциите за струја и започнувањето на стечајната постапка“, изјави поранешниот извршен директор на КАП, Јуриј Мојсејев, а пренесува РИА Новости.
Компанијата En+ го купи контролниот пакет акции на КАП и рудникот за боксит кој испорачува сировини за комбинатот во тендерот за приватизација во 2005. Компанијата плати 48,5 милиони евра со ветување дека ќе вложи 55 милиони евра во комбинатот и уште 22 милиони евра во еколошката програма. Во кризната 2008 компанијата En+ започна преговори за државна поддршка, па во 2010 година компанијата врати на владата на Црна Гора 29,3% од акциите на КАП во замена за државни гаранции за долговите од 130 милиони евра. Сега компанијата En+ има 29,3% од акциите на најголемото претпријатие во Црна Гора, а уште 29,3% припаѓаат на владата на Црна Гора.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче