Истражување спроведено од Рускиот центар за јавно мислење покажа дека во Русија телевизијата и понатаму е примарен извор за информации.
Според податоците на центарот, за Русите и понатаму телевизијата е примарен извор на информации, додека Интернет останува на второто место. 60% од испитаниците и понатаму веруваат на телевизиските вести.
Повистинити информации бараа 22% од Русите на Интернет, а во списанијата и весниците само 7%.
Меѓу Русите кои активно го користат Интернет, 48% од информациите за земјата ги пронаоѓаат на светската мрежа, додека телевизијата го зазема второто место (40%). Вести од Интернет читаат младите од 17 до 24 години; половина од нив изјавиле дека Интернет служи како главен извор за информации за случувањата во земјата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче