Шојгу: Американците го прифатија предлогот да учествуваат во тенковски биатлон

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека тенковкиот биатлон наскоро би можел да стане нова практична воена спортска дисциплина. Тој напомна дека следата година, освен тенкистите од Италија и Германија, на натпреварувањето ќе учествува и тим од САД.

„Ги повикавме нашите американски колеги да учествуваат на натпреварувањето во тенковскиот биатлон во Русија, и американскиот секретар за одбрана го прифати нашиот предлог“, истакна Шојгу, а пренесува ИТАР-ТАСС.

Според неговите зборови, засега е предвидено да учествуваат само екипи од Германија, Италија и САД. „Во иднина ќе направиме сѐ за да другите армии ги купуваат нашите тенкови“, додаде Шојгу.

Тенковскиот биатлон се организира по прв пат. Годинава се одржува од 12 до 18 август во Подмосковје. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.