Никарагва ќе купи од Русија осум нови патролни бродови

Властите на Никарагва размислуваат да ги обноват своите воено-морски сили за сметка на осум нови патролни бродови, а еден од потенцијалните продавачи може да стане и Русија, пренесуваат латиноамериканските медиуми.

Таквата неопходност се појави после решението на Меѓународниот суд во Хаг околу дамнешниот спор меѓу Никарагва и Колумбија околу неколку острови во Карипското море. Судот го призна правото на Колумбија за сопственост на седум мали острови, но истовремени ги прошири морските граници на Никарагва (за околу 70.000 квадратни километри).

Според податоците на медиумите, претставници од Никарагва веќе посетија неколку бродоградилишта во Русија. „Ние ќе бараме можност да ја обновиме нашата флота“, изјави командантот на војската на Никарагва, Хулио Сесар Авилес.

Нови воени бродови Никарагва нема набавено веќе 13 години. Во моментов оваа држава во Карипското море има три бродови и неколку помали пловила за спасување. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.