Во Министерството за внатрешни работи на Русија истакнаа дека за време на претстојните Олимписки игри во Сочи на сите гости и учесници без исклучок ќе им биде гарантирано почитувањето на нивните права, ќе биде осигурена нивната безбедност и пријатен престој. Наводите за загрозување на правата на припадниците на сексуалните малцинства во Русија оваа институција ги доживува исклучително како обид да се поткопа кредибилитетот на претстојните Олимписки игри, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на МВР на Русија.
„Оваа уредба се однесува на лицата кои имаат цел да поттикнат малолетници на нетрадиционален сексуален однос. Кон лицата кои ќе извршат слични дела правосудните органи ќе применат мери во склад со руското законодавство. Од друга страна, кон лицата со нетрадиционална сексуална ориентација кои не вршат никакви провокации и не го нарушуваат законот, туку како и сите нормално учествуваат на Олимписките игри - нема причина за било какви претензии од страна на руските правосудни органи“, уверуваат во Министерството за внатрешни работи на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче