Новата радиолокациска станица „Воронеж-М“ од рускиот систем за рано предупредување за ракетен напад ќе започне да се гради во Оренбуршката област во вторник, изјави за новинарите Алексеј Золотухин, претставник од Министерството за одбрана на Русија.
„Во вторник на 13 август 2013 ќе се одржи церемонија за почеток на изградба на новата радиолокациска станица „Воронеж-М“, која ќе биде дел од системот за предупредување за ракетен напад“, изјави Золотухин.
Во моментов на територијата на Руската Федерација постојат и работат четири радиолокациски станици од новата генерација.
Времето на изградба на оваа радиолокациска станица ќе изнесува 1 до 1,5 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче