Двете држави тргнаа по пат од затоплување на односите кон моментално заладување после откажувањето на средбата на претседателите во Москва. Ако русија потпише нов договор за поддршка на иранските нуклеарни објекти, тогаш ќе продолжи да помага и на Сирија и на режимот на Асад, ќе се спротивставува на американскиот систем за противракетна одбрана и уште повеќе ќе ја намали температурата во односите со САД, смета авторот на статијата.
„Можеби се чини дека цела работа е околу Сноуден, но сепак, таквото решение беше преземено поради конфликтите и по други прашања“, се кажува во статијата.
„Треба да се признае дека еден од приоритетите на надворешната политика на Русија е доминирањето во својата зона на влијание. На било какво плашење државата нема да реагира. Како и секоја друга држава, Русија ги следи сопствените интереси и приоритети, и, во блиска иднина, тие приоритети ќе бидат уште поразлични и во конфликт со интересите на САД“, заклучува авторот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче