Во Краснојарскиот крај хирург украл хероин за време на операција, пренесува интернет-страницата на локалното МВР.
„Хирург од градската болница правел операција на маж кој превезувал во својот желудник хероин. После операцијата хероинот бил земен од полицијата, која забележала дека дел од истиот недостасувал“, се кажува во соопштението.
Кога бил задржан, докторот веќе се наоѓал под дејство на хероинот.
Хирургот може да добие 15 години затворска казна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче